Пејачката Каја Остојиќ неодамна се вери, а сега откри детали за својот избраник.
Таа влезе во љубовните води со графичкиот дизајнер Милош, а додека уживаат во љубовта и хармоничната врска, решија да се венчаат.
Сега пејачката откри дека започнуваат заеднички живот.
– Тој е мојата друга половина, немам причина да го кријам. Тој е уметничка душа, како мене. Совршено црта, свири гитара, луд е по музика. Се знаеме 16 години, а сега патиштата ни се вкрстија на вистински начин – изјави Каја.
– Моментално сум во процес на преселба, се селам во куќа во Бежанија и таму ќе живеам со мојот вереник. Го започнуваме нашиот живот заедно.
Дека сè оди без проблеми потврдува и тоа што избраникот и го претставила на својата ќерка.
– Се запознале преку видео повик и се е супер на таа тема – заклучила Каја.
Да потсетиме, Каја Остојиќ неодамна на својот Инстаграм профил ја сподели првата фотографија со избраникот, како и вереничкиот прстен.
Во описот на објавата таа стави само емотикон со црно срце, а честитките на нејзините следбеници веднаш почнаа да се влеваат.
фото: printskrin/instagram/kaya_ostojic