Викендов, поточно во неделата (02.03.2025) православните христијани го славеа празникот Прочка. Денот кога им се простуваат гревовите на грешните, зашто велат христијански е да се прости, па помладите би требало да се јават или појдат кај постарите за да побараат Прочка од нив ако нешто им згрешиле во текот на годината, оти таков е редот. За сите или не баш?

Македонската пејачка Марија Луиса Тодоровска не дека не е по религијата и не верува во бога, ам по се изгледа не и верува на оние кои еднаш ја издале, излажале, изневериле… Па кај битолчанката со копска адреса нема прошка, не важи Прочка и точка! Кој и се огрешил нека му ја мисли, зашто Бог простува, а Марија памти!

Затоа внимавајте да ни згазнете на „опашката“, зашто потоа биде подготвени да ви се „раплаче мајката“! Затоа внимавајте со неа уште од самиот почеток, зашто Марија Луиса едноставно нема втора шанса за прв впечеток!
Дека кај неа нема прошка пејачката покажа сликовито со видео пример.
Имено, Марија Луиса споделила видео на кое јавно ја окаректеризира како нејзина копија српската колешка, пејачката, (ако нејзиното може да се нарече пеење), старлета и ријалити учесничка Атина Ферари. Копија во пеењето никако не може да биде , ама во имиџот и аутфитот – ДА, како што тврди Марија.
Зашто српската „колешка“ е променета во ист тесно припиен латекс комбенизон, отворен од рамена до колена. Исшниран со големи метални алки како од ланец, за дополнително имагинацијата да ја одведе во садо-мазо правец. Комбинација која буди возбуда уште на прв поглед, кој подоцна не ќе можете да го симнете од пејачката, а желбата ќе расне правопропорционално со количината на алкохолот во пијачката, што ќе ја испиете пред задоволни и видно возбудени дома да си заминете.

„Кога ќе ти го украдат аутфитот, изгледа вака… Копија“ – напишала Марија на видеото на кое во „Зоната на самракот“ „завива“ нејзината српска колешка во отворениот комбенизон.
Истиот онаков каков што Марија неоддамна го покажа кога го носеше на еден од своите настапи, а во него беше и на последната од нејзините ноќни викенд свирки.
Затоа, Марија Луиса дури ни за Прочка не и ја прости копијата, па јавно ги сподели двете видеа, да се знае кој е кој… Кој е оригинал, а кој нечија црна копија!
Разликата е само во бојата – кај Атина е црн, а кај Марија бордо… Или поточно, кај обете преовладува „трула вишна“… Само кај Србинката во пеењето, кај нашата во бојата на аутфитот!
Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska







