Јелена Карлеуша во последно време е цел на напади.
Откако беше затворен нејзиниот профил на Инстаграм, каде што јавно пишуваше за своите ставови за актуелните случувања во Србија, следеа јавни напади.
Таа пред неколку дена беше вербално нападната на аеродром во Швајцарија од српски државјанин, по што побарала заштита.
– На удар сум од таква патолошка омраза и сериозно вознемирени психопати што морав да побарам полициска заштита и да поднесам многу пријави до одделението на ВТК. Тие луѓе, скриени зад лажни профили, се меѓу нас. Тие живеат под маската на привидната нормалност зад која кријат ужасни мисли. За жал, многу луѓе пишуваат под нивните вистински имиња, целосно несвесни дека нешто прават погрешно – изјави Јелена.
Неколку лица се приведени поради смртни закани, тврди Карлеуша.
– За жал добив и многу смртни закани кои резултираа со апсење на неколку лица. Она што ме порази е одговорот на еден човек од Земун, кој ми испрати преку 200 пораки со експлицитни смртни закани. На прашањето дали ме познава или е во некаков конфликт со мене, тој одговорил не, а на прашањето зошто упатувал смртни закани одговорил „Тоа е мое право. Таа е пластичен изрод кој се облекува како ку*ва“.
фото:Facebook/ Jelena Karleusa