Помина доста долго време откако Јелена Карлеуша не е дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а на нејзиното место оттогаш седи фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ.
Тоа дека по нејзиното заминување, ова реално шоу е мртов формат, Карлеуша изјавила неколкупати, а сега по смртта и на Саша Поповиќ, таа сакаше уште еднаш да даде до знаење дека крајот одамна го видела.
-Овие сцени ми враќаат насмевка на лицето… И во исто време, многу ми е жал за Саша, за „Ѕвезде Гранда“, кои беа уништени од доаѓањето на здодевта… Кога ќе се сетам каква емисија беше ова, каква забава, гледаност, цел Балкан гледаше секоја сабота, луѓе се собираа околу куќите да гледаат, да уживаат во музиката и добриот хумор… Какви беа моите стајлинзи… 5 години не повторив ниту една „крпа“… Збогум Сале, збогум Ѕвезда Гранда… убави времиња, стои во описот.
Во прилог на напишаното таа издвои и видео од времето кога таа беше дел од шоуто:
View this post on Instagram