Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ е во среќен брак со сопругата Јелена, а заедно имаат две деца, синот Стефан и ќерката Тара.
Новак еднаш зборуваше за родителството, откривајќи дека иако се трудат да бидат најдобри родители, Јелена и тој признаваат дека понекогаш грешат во воспитувањето.
– Гледаме грешки, ги има многу. Не е грешка да разгалите дете. Многу работи се многу субјективни – ни изјави тогаш Новак, а Јелена проговори за нивните несогласувања.
– Секако дека јас и Новак имаме наши несогласувања, тоа е природно во здрава врска. Ние сакаме кога нашите деца гледаат дека не се согласуваме, така што тие ќе научат како да го решаваат конфликтот на здрав начин. Конфликти секогаш ќе има – изјави Јелена.
– Не се согласуваме за се’. Како што рече Јелена, тоа е нормална појава во едно семејство. Би додал само уште една работа, родителите некако повторно доживуваат како нивните родители се однесувале со нив. Како го поминавме детството, како сме воспитани и едноставно тоа некако е вкоренето во нашиот генетски код и потоа се рефлектира во нашиот начин на воспитување. Се разбира, важно е да бидеме свесни дека сме уште подобри од нашите родители за нас. Секако, сите ги сакаме нашите родители и тие во дадениот момент го прават најдоброто што можат – изјави тогаш славниот тениски ас.
– Целта на разговорот на оваа тема е да се продлабочат разговорите на тема родителство и секако траума. Секој родител го знае најдоброто за своето дете, но потребно е да има отворено срце и ум и да ги слуша луѓето кои се експерти во таа област со желба да научат и применуваат нешто ново. Сите грешиме, учиме од нив. Битна е посветеноста и вниманието што на крајот им се дава на децата – заклучил Новак за „Блиц“.
фото:Instagram printscreen/jelenadjokovicndf