Јелена Ѓоковиќ наполни 39 години пред два дена, а сега со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм сподели како прослави.
Како што се очекуваше, Ѓоковиќ не се одлучи за гала забава, туку прослави скромно, со своето семејство. Ги издува свеќичките на тортата за роденден со сопругот Новак Ѓоковиќ, ќерката Тара и синот Стефан.
Целото семејство беше во празнично расположение, а на главите носеа златни капи за роденден. Тортата беше особено интересна, а Јелена откри на Инстаграм дека ја направила нејзината ќерка Тара.
View this post on Instagram
Инаку, Новак еднаш откри дека развил чувства кон неа уште во средно училиште.
– Нејзиното презиме сега е Ѓоковиќ, бидејќи ми стана сопруга. Првпат се запознавме на еден од локалните турнири во Белград… Таа ми беше девојка пред да се венчаме. Пред тоа, ми беше пријателка. А пред тоа, таа беше девојката во која бев заљубен во средно училиште – еднаш рече тенисерот.
foto:printscreen/instagram