Приватниот живот на Цеца Ражнатовиќ секогаш го привлекува вниманието на јавноста, а таа сега откри и дали има емотивен партнер.
Таа истакнува дека е сама и дека добро и оди.
– Бидејќи сум самa, затоа изгледам добро. „Добро гаражиран олдтајмер“, рече прво Цеца во свој стил.

– Се чувствувам одлично, добро сум, мојата среќа не зависи од мојот партнер. Имам многу причини да блескам, се сметам за остварена и задоволна жена. Имам пријатели и публика која ме следи низ целиот свет, па каде да одам понатаму? – додаде таа.
Ражнатовиќ откри дека купува позитивна енергија од публиката.
– Мојата турнеја трае последните 20 години и не запира. Луѓето во толпа доаѓаат на моите концерти и уживаат. Тоа ми значи, од нив ја акумулирам таа позитивна енергија – изјави таа за „Премиера, викенд специјал“.
фото:Instagram printscreen/ cecaraznatovic





