Јана Тодоровиќ и нејзиниот сопруг Иван Тодоровиќ одржаа гала прослава за 18-тиот роденден на нивната ќерка единица Кристина Џулијен, која сега редовно се појавува во јавноста со својата мајка.
– Се помина феноменално. Вечер полна со емоции… Презадоволна сум и повеќе отколку што очекував. Атмосферата беше феноменална, единствено беше што имаше премногу луѓе – започна Јана и додаде:
– Колегите ги пречекав на влезот, но не можев да ги почестам како што сакам, барем да испеат по една песна за нашата принцеза. Не можев да им пријдам, но им пратив бакнежи.
На забавата кај Јана летаа новчаници, и сите што го земаа микрофонот на полнолетството на Кристина се „опарија“.
– Бакшиш давав се срце, а не да се покажам и докажам. Сè чесно заработив, никому не крадев, ниту позајмував. И се надевам дека сите што свиреа таа вечер беа задоволни – изјави Јана.
На прашањето дали има и празни пликови, таа одговори:
-Кај нас тоа не се случи овде. И да има, што е важно.
Јана како гостинка изненадување ја донесе на својата ќерка, Александра Пријовиќ.
– Не очекуваше Пријовиќ да се согласи. Многу сум и благодарна. Ми беше чест што сите мои колеги беа таму – изјавила фолкерката.
foto: printscreen.instgaram/24sedam_showbiz