Изложба на мотоцикли од сите значајни категории ќе биде поставена во недела, 29 јуни 2025 година од 12 до 17 часот во Паркот на франкофонијата во Скопје, во рамките на манифестацијата Cruise Cult 2025. Ќе бидат изложени мотоцикли: chopper, customized, cruiser, bobber, trucker, café racer, rat bike, rare и classic. Секоја класа ќе биде претставена со неколку карактеристични модели.
Во рамките на настанот ќе биде поставена и фотографска изложба, со селекција од 10 до 15 фотографии што ги доловуваат визуелниот идентитет и животниот стил на мотокултурата. Во рамките на музичката програма ќе настапи бендот In the mood од 12 до 14.30 часот и Day оff од 15 со 17 часот. Манифестацијата е бесплатна, од отворен карактер за сите граѓани.