Мегафон на 12 август во Охрид

Избор на Песна на летото 2025 во организација на ИН продукција

Избор на Песна на летото 2025 во организација на ИН продукција

Ова лето, Охрид повторно ќе биде домаќин на еден од најочекуваните музички настани во земјата – традиционалниот избор на Песна на Летото, што ќе се одржи на 12 август на летната сцена на ИН Продукција, пред хотелот Престол со почеток во 21:00 часот.

Во натпреварувачката програма ќе настапат 20 нови фолк и поп хитови од македонската музичка сцена. Годинава, на сцената ќе блеснат едни од најголемите и највлијателни имиња, меѓу кои се и Анета ЛумановскаЕлена Велевска, како и многу други популарни изведувачи.

„Забавата е загарантирана, а добрата атмосфера веќе се подготвува! Настанот е бесплатен – влезници нема да се наплаќаат. Паркингот е исто така бесплатен.
Ваше е само да дојдете – за сè друго се погрижи тимот на ИН Продукција, порачуваат организаторите.

 

To top