Пејачот на „Либеро бенд“, Иван Јованов кон крајот на месец март годинава стана татко за првпат, му се роди прво, па женско, а малата наследничка го доби името Ниа.
По нешто повеќе од два месеци откако Иван и неговата избраничка Ивана станаа родители, дојде денот да обзнанат нешто повеќе од својата приватнот и семејна среќа.
Имено, за гордите родители вчера беше специјален ден, крштевката на нивното мало, најмило, Ниа.
Со благословот и капењето во светата вода, Ниа ќе расте и живеее по божјиот пат примајќи го христијанството како Божјо чедо, свет чин кој се случи во манастирот Св. Јован Бигорски.
Мама и тато за овој специјачлен повод се облекоа слично, двајцата во класично сиво издание, додека малечката ја дотераа во розово. Дека ова бил ден пол со емоции говори и емотиконот со насолзени очи на тато Иван кој покажа и уште една фотографија од кумот и тазе крстеното бебе.
Уште откако осамна веста дека ќе се жени и ќе стане татко, Иван изјави дека ќе биде резервиран за медиумите и јавноста во поглед на се’ она што му се случува на приватно поле. Сепак, кога е дете во прашање, како во случајов, никогаш не вели никогаш, па Ниа дојде ден да ја видиме сите.
Инаку, кога е во прашање мајката Ивана, се работи за девојка која има охридско потекло и е од познато семејство Зимбо. Врската меѓу Иван Јованов и Ивана Зимбо беше непозната за јавноста се до моментот кога ја обзнанија бременоста на сега новопечената мама.
Наздравје крштевка, нека е жива и здрава!
фото:instagram printscreen/ jovanov_ivan