Италијанската техно ѕвезда Дебора де Лука ќе настапи на годинашниот „Д Фестивал 2024“, што ќе трае од 28 до 30 јуни. Тоа ќе биде нејзино прво гостување на овој фестивал.
Д фестивал полека ја оформува својата листа учесници, на која веќе се потврдени Лил Памп, Сама Абдулхади, Фатумата Дијавара, „Нувел ваг“, „Елементал“, „Санаториум“, „Корпорација вагина“, „Црно собрание“ и други.
Фото: Фејсбук