Радио Милева со адет, како што е редот

Ирина Дишовска и Павле Камилоски направија мекици за ќерката Лена (видео)

Ирина Дишовска и Павле Камилоски направија мекици за ќерката Лена (видео)

Пејачот Павле Камилоски и неговата сопруга, планинарката Ирина Дишо направија мекици за раѓањето на нивното второ дете.

Павле со голем број на пријатели и роднини се веселеле во ресторанот  кој го одбрале, oткако Ирина Дишовска ја роди ќерката Лена.

Камилоски, како што е адетот, сега со мекици го прослави раѓањето на ќерката.

 

Од објавите кои што ги сподели на кратките приказни на социјалната мрежа Инстаграм се гледа дека тој цела вечер не престанал да пее и да се забавува.

Па така пејачот преку фотографиите и видеата  долови дел од атмосферата и пред неговите следбеници.

 

Меѓу присутните гости беа водителката Елена Најдоски со сопругот Бојан, пејачот Александар Тарабунов и Наташа Миха, но и многу други познати од Скопје.

Инаку, неговата сопруга, Ирина Дишовска, се породи оваа година во очи на Василица на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

фото: printscreen/instagram

To top