Радио Милева на социјалните мрежи

Индира Радиќ жртва на измама: Фолкерка излезе со итно предупредување (фото)

Индира Радиќ жртва на измама: Фолкерка излезе со итно предупредување (фото)

Пејачката Индира Радиќ е само една од низата јавни личности чие име е злоупотребено на социјалните мрежи.

Нејзиниот менаџер Ненад Шипка за српските медиуми објасни за што се работи и како измамниците се обиделе да ја искористат пејачката.

Јавните личности често се мета на разни измами на социјалните мрежи, при што се злоупотребува нивното име.

Индира Радиќ беше меѓу оние чие име измамниците сакаа да го употребат за да добијат финансиска корист.

Пејачката веднаш се огласи на својот Фејсбук профил и ги предупреди корисниците на социјалните мрежи да не наседнуваат на измамата.

– Драги луѓе, некој го искористи моето име за да ве навлече на некоја измама. Не паѓајте на тоа, блокирајте и пријавете веднаш. Ова е мојот единствен профил од кој ви пишувам – напишала Индира.

 

Менаџерот на Индира објаснил за Информер за каква измама станува збор.

– Некој направил лажен профил, се обиделе да го злоупотребат името на Индира за да изнудат нешто од луѓето. Но, навреме беше откриено и спречено – изјавил Ненад Шипка. Слични непријатности доживеаја и многу колеги на Индира, како Саша Матиќ, Драгана Мирковиќ, Марија Шерифовиќ, Снежана Ѓуришиќ.

фото: print Screen/Instagram/

To top