Синот на Драган Којиќ Кеба, Игор Којиќ (37) ужива во љубовта со 15 години помлада девојка од Загреб, пренесуваат српските медиуми.
Како што дознаваат медиумите, двајцата се во врска неколку месеци, но дека се трудат да си ја заштитат приватноста, па затоа не објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Сепак, познато е дека се запознале благодарение на заеднички пријател и дека живеат заедно во Белград. Игор ја запознал со своите родители.
-Игор ја запозна Ана во Загреб, каде што, со оглед на тоа што таму живее долги години, често оди поради многубројните пријатели. Нив ги запознал познаник, а Којиќ веднаш го привлекол атрактивниот изглед на Ана. Таа е помлада од него, што му дојде добро по по бурниот и медиумски следен брак со Северина, изјавила извор за „Информер“.
Nova devojka Kebinog sina pic.twitter.com/WewkBetDt4
— Malagaravaa (@vaskekopirinac) December 4, 2024
Таткото на Игор, познатиот српски пејач Драган Којиќ Кеба ја потврди неговата врска кога се сретна со фоторепортерите на српските медиуми.
фото:You Tube printscreeen/Domaća Dešavanja