Радио Милева прва брачна двојка во 2025

Игор Којиќ не се ожени во црква – на граѓанска церемонија и кажа само „да“ на својата избраничка Софија – еве зошто (фото)

Игор Којиќ не се ожени во црква – на граѓанска церемонија и кажа само „да“ на својата избраничка Софија – еве зошто (фото)

Синот на српскиот фолк пејач Драган Којиќ Кеба, Игор Којиќ, на 3 јануари тајно се ожени со својата избраничка Софија Дачиќ, која е 15 години помлада од него.

Игор и Софија потоа направија граѓанска венчавка во Нов Белград, а наскоро ќе се заветат и на вечна љубов пред Бог.

– Игор е голем верник и нему црквена венчавка му е многу поважна од онаа во општината. Но, тој и Софија се сакаат толку многу што не сакаа повеќе да чекаат, па оваа формалност пред законот ја направија на 3 јануари. Бидејќи тогаш сè уште беше во тек божиќниот пост, тие не можеа да се венчаат во црква, па тоа ќе го направат во прва прилика. Како што сега стојат работите, се планираат две опции.

 

Првата е тоа да се направи во парохиската црква Свети Василиј Острошки на Бежанијска коса или да одат во некој манастир далеку од градската врева и таму да го направат овој свет чин – раскажал изворот.

Инаку, Игор за српски „Блиц“ ја потврди среќната вест и откри дека тој и неговата сопруга добиле признание од општината.

– Точно е дека јас и мојата сопруга добивме награда и  признание од општина Нови Београд како прва брачна двојка во 2025 година. Софија е мојот дар од Бог. Првата, последна, единствена и вистинска љубов. Среќен Божиќ на сите, Христос се роди – рекол младоженецот.

 

фото: printscreen/instgaram/ /igorkojic/sofijakaosofija,

To top