Во петок (30 август) кај Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се одржи традиционалниот еколошки настан „Звуците на зеленото“, во организација на „Пакомак“, а во соработка со Швајцарската амбасада.
Од 20:30 часот на две сцени, во паркот зад МКЦ и пред бифето, ќе настапат младата локална група „Моира“, Игор Џамбазов со бендот на Гуру Харе, гостите од Швајцарија „Орфиа“ и диџејот Алекс Нантај.
Пред почетокот на музичката програма, во 19 часот во МКЦ ќе биде отворена изложбата „Чиста технологија – швајцарски решенија за предизвиците на денешницата“.