Уна Чолиќ, ќерката на пејачот Здравко Чолиќ, објави видео од јахтата што ја управуваше нејзиното момче.
Постарата ќерка на Здравко Чолиќ, Уна (23), веќе некое време е во врска со момче кое е десет години постаро од неа и кое успешно го криеше од очите на јавноста.
Како што пишувавме, Чола неодамна искешира луксузно патување за неговата сопруга, ќерките и зетот на Бриони – омиленото одморалиште на Тито.

Како што објавува „24sedam“, токму момчето на Уна беше зад кормилото на луксузната јахта, додека другите патници уживаа на сонцето. Носеше само кратки панталони, а околу вратот златен ланец со крст. Извор за гореспоменатиот портал наведува дека момчето потекнува од богато семејство.

Двојката е заљубена и се обидува да го искористи максимално времето што може да го помине заедно, согласно нивните обврски. Заедно, тие често патуваат на разни луксузни дестинации низ целиот свет.
фото:Instagram printscreen/ unacolic




