Заврши седумдневната жалост, но само онаа официјално прогласената. Иако тргнати по редовен тек на обврските, сепак мислите, темата на разговор која ни е прва на памет и јазик е токму таа – траорната од жртвите и повредените од кобниот 16-ти во Кочани.
Македонската спортска гордост, нашиот шампион, најпопуларниот и најуспешниот македонски натпреварувач во автомобилски трки, Игор Стефановски Иџе за неколку дена започнува нова сезона на трки, па по тој повод пред да тргне да освојува носи победи низ Европа , тој реши своето Ферари делумно да го обои црно во знак на спомен и почит за жртвите во Кочани.
-Во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани. Црна боја на моето возило со кое ќе настапувам на трките низ Европа како знак на почит кон оние што ги загубија животите во оваа страшна несреќа. Ова не е само боја – ова е порака на сочувство, солидарност и поддршка за нивните семејства и најблиски.
Некои победи се на патеката, но вистинските победи се кога сме заедно во тешките моменти.
Почивајте во мир- пишува Иџе во прилог на фотографијата каде покжа како ќе изгледа возилото.
За потсетување, освојувањето на трофејот од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки за 2024 година, Иџе го доби на престижното доделувањето на награди од страна на светската автомобилистичка федерација ФИА кое се одржа неодамна во Љубљана Словенија.
фото: Facebook/Igor Idze Stefanovski