Радио Милева скршена

И српската пејачка Сара Џо се прости од Панчо: „Те сакам, онака чисто, засекогаш!“

И српската пејачка Сара Џо се прости од Панчо: „Те сакам, онака чисто, засекогаш!“

Смртта на Владимир Блажев -Панчо допре многумина, особено оние кои го познаваа, но најмногу оние кои му беа блиски, па и таквите преку граница кои му беа колеги и плиски пријатели.  Една од нив е и српската пејачка Сара Џо која со трогателна порака се прости од Панчо.

Да издвои објава, слика, текст за вака тажен повод веројатно не и беше нималку лесно, но најде една нивна заедничка фотографија и порака која тој и ја напишал, а гласи вака:

-Се видовме. Секогаш позитива, искреност и љубов, а нажалот тоа се помалку го има меѓу луѓето. Толку сум среќен што си дел од ова мое овоземско патување и знаеш дека те сакам многу баш онака чисто од срце поради тоа што си чиста личност како солза, не  за тоа што си позната, и кажал Панчо своевремено  на што Сара денес од најтешкиот ден на својот сакан пријател му напиша последен поздрав:

-Прекратко „овоземско патување“, Панчо мој. Но во нашите срца вечно и нераскинливо. Не само поради стихови и небришлива трага на музичката сцена, туку поради твојата душа. Топра, чиста, нерасипана, грижлива и племенита. Се надевам дека сега и спокојна. Те сакам онака баш чисто. Засекогаш“ напиша Сара со емотикон од срцшено срце.

Инаку, изминатите месеци додека Панчо беше на болничко лекување, Сара знаеше да му испрати поддршка и убави зборови преку социјалните мрежи со надеж дека тој ќе се извлече.

фото:Instagram printscreen/sarajoofficial

To top