Радио Милева приватен живот

И најмладата ќерка на Раде Шербеџија се занимава со уметност: Има интересен имиџ, а на јавноста и се претставува под необично уметничко име (фото) 

И најмладата ќерка на Раде Шербеџија се занимава со уметност: Има интересен имиџ, а на јавноста и се претставува под необично уметничко име (фото) 

Познатиот актер Радe Шербеџија е татко на пет деца – еден син и четири ќерки.

Раде Шербеџија не зборува често за својот приватен живот, а неколку пати зборуваше за своите наследници и потенцираше колку е горд на нив.

Сепак, малкумина знаат дека неговата најмлада ќерка Милица се занимава со музика.

Таа живее мирен живот и не се експонира многу во јавноста, но еднаш даде интервју во кое зборуваше за својата работа, но и зошто решила на публиката да и се претстави како Елиот Алма.

„Се борам со страв од сцената. Мислам дека проблемот е што се сфаќам себеси премногу лично, па решив да користам алтер его во јавноста за да го обезличам процесот на изведба за себе. Се обидувам да замислам дека Елиот Алма е посамоуверна од мене, дека е отворена и забавна. Но, кога станува збор за тоа зошто тоа име, навистина нема приказна зад тоа. „Алма е моето средно име, кое никој никогаш не ме нарекол, па си помислив зошто да не, а Елиот е само име што ми се допаѓа и мислам дека добро звучи покрај Алма“, рече тогаш таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mimi (@rareformofmimerz)

Таа откри и каков совет и дава татко и, бидејќи и тој се занимава со музика.

„Додека растев, природно ми беше да сакам да ги импресионирам моите родители и да го добијам нивното одобрување, како што прават повеќето деца. Така, тоа беше голем чекор за мене кога дојде време мојата музика, исто како и јас, да почне да расте, па дури и да поставува граници кон нив. Поставувањето граници е секогаш тешко, а Раде имаше многу да каже за мојот албум кога првпат го снимав и пред да го завршам“, изјави таа за „Вечерњи.хр“ и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mimi (@rareformofmimerz)

„Следов некои од неговите совети, а некои не, а тоа го направи уште поспецијално кога му го покажав готовиот производ. Но, морам да кажам дека едно нешто што тој го прави, што не знам дали би можелa да го наречам совет, но е слатко и инспиративно и можеби дури и најважното нешто што ми го дава е да имам големи соништа. Тој секогаш има големи соништа за луѓето во кои ги сака и во кои верува и чувствувам дека оваа енергија е еден вид подарок што ни го дава“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mimi (@rareformofmimerz)

Милица Мими Шербеџија има 25 години и дипломирала на Музичката академија ЛИПА во Ливерпул, а својот прв албум го снимила со колегите од колеџот. Инаку, ова училиште е основано од познатиот Пол Макартни.

фото: print Screen/instagram/rareformofmimerz

To top