Мегафон концерти и манифестации

Хрватскиот џез пијанист Звјездан Ружиќ го отвора „Скопско лето 2024“

Хрватскиот џез пијанист Звјездан Ружиќ го отвора „Скопско лето 2024“

Четириесет и петтото издание на Скопско лето се отвора на 21 јуни  во Куршумли Ан со концерт на хрватскиот уметник, пијанист и композитор Звјездан Ружиќ. Ружиќ доаѓа во Скопје со својот проект „Пијанотрон“, комбинација од пијано, мелотрон и педали.

„Звјездан е човек-оркестар. Иако е академски џез пијанист, тој го опишува ‘Пијанотрон’ како филмска музика, украсена со влијанија од џезот, класичната, поп, рок и етно музика“, велат од скопската Дирекција за уметност и култура.

Ружиќ има соработувано со „2Челос“, Јосипа Лисац, Масимо Савиќ и други и настапувал низ целиот свет. Во Хрватска, неговите авторски албуми беа наградени со пет награди „Порин“, а Хрватскиот музички сојуз шест пати му ја додели наградата „Статус“ за најдобар џез пијанист.

Со неговата музика има настапувано низ целиот свет: од Америка, низ Европа, одржа две големи турнеи во Кина, а со „2Cellos“ одржа голема турнеја во Јапонија, Австралија и Нов Зеланд.
Неговите авторски албуми беа наградени со 5 престижни награди за дискографија „Порин“ (познато како хрватско Греми), а Хрватскиот музички сојуз 6 пати му ја додели наградата „Статус“ за најдобар џез пијанист во Хрватска.
Звјездан е официјален уметник за „Yamaha Pianos“ за целиот свет, а во Скопје пристигнува директно од Лондон, каде што моментално живее и ја гради својата меѓународна кариера. На неговиот роденден, на Светскиот ден на музиката, Звјездан Ружиќ и неговиот пијанотрон ќе ја почестат публиката во Скопје со вечер за паметење!

To top