Малачкото девојче на поранешната ТВ водителка Хелена Роза, убавата Кјара, порасна и и’ дојде време за мажачка.
Изминатиот викенд кај Хелена во домот во Нов Зеланд имаше повод за радост, среќа, здравица и многу емоции.
Кјара доби свршенички прстен на раката и беше запросена од нејзиното долгогодишно момче Стефан Пауни.
За убавата вест мама Хелена се пофали на социјалните мрежи и напиша: „Јухууу мојата принцеза ми ја запросија. Да сте вечно среќни и двајцата. Ве сакам најмногу“ – стои во честитката на Хелена за идните младенци.
Во прилог стои и фотографијата од свршеничкиот прстен со голем скапоцен камен кој го избрал идниот зет.
Имено, Кјара и Стефан се во врска речиси откако Хелена и саканиот Игор се преселија во Аукленд, а љубовта меѓу нив се покажа како силна, па стигна и до брак.
Зетот е странец, згодно русокосо момче, а многумина коментираат дека со Кјара се одличен пар.
За потсетување, Кјара доека беше во Македонија претендираше да стане одбојкарка, а сега се почесто ја гледаме како модел на познати брендови.
Хелена ја роди ќерката доста млада, па сега во петтата животна деценија можеби наскоро ќе стане и млада баба.
Честитки!
фото:Instagram printscreen/ kjaragolja/ Facebook/ Helena Roza