Халид Бешлиќ, легендарниот пејач, беше погребан во понеделник, 13 октомври, во Сараево. Еден детаљ не можеше да остане незабележан, а тоа беше локацијата на неговиот вечен дом.
Почивалиштето на пејачот, кој во Сараево го испратија 100.000 луѓе, според сараевската полиција, се наоѓа речиси на средина од гробиштата, далеку од Алејата на великаните.
Русмир, работник на гробиштата, вели дека Халид самиот го избрал местото на погребување, на што бил сведок кога пејачот го посетил Баре пред да биде примен во болница.
„Халид беше тука и побара кога ќе дојде време, да биде погребан тука, меѓу обичните луѓе“, рече Русмир, додавајќи:
„Тоа само покажува колку бил скромен.“

Оваа едноставна, но моќна желба на легендарниот уметник сведочи за неговата скромност и поврзаност со луѓето што го сакале. Иако многумина очекуваа Халид да биде погребан во Алејата на великаните, тој одлучи да остане близок до обичните луѓе – исто како што беше меѓу нив целиот свој живот.
Неговиот гроб сега станува место каде што многумина ќе се восхитуваат на неговата музика, но и на неговиот скромен карактер, потсетувајќи ги сите дека величината не мора секогаш да биде во ексклузивноста, туку во едноставноста и срцето што ни го остави на сите нас, пишува Exkluziva.ba.
Foto: Printscreen/Instagram







