Наташа Беквалац важи за една од најубавите пејачки на овие простори, а за тоа говори и нејзината објава на Инстаграм.
Имено, „новосадската барбика“, како што често ја нарекуваат, позираше во провокативно издание.
Таа сега носеше топ кој наликуваше на градник и тесни панталони во истиот дезен.
Оваа комбинација на облека дополнително ги истакна нејзините бујни гради, но и извајаниот стомак на кој би позавиделе многу жени.
Објавата на Наташа предизвика „бура“ на мрежите, а коментарите и реакциите на фановите како и секогаш не изостанаа.
фото: printskrin/instagram/bekvalceva