Радио Милева загрижена

Гоца Тржан сподели вознемирувачко видео и упати апел за итна помош

Гоца Тржан сподели вознемирувачко видео и упати апел за итна помош

Пејачката Гоца Тржан објави вознемирувачко видео на Инстаграм од постар господин како оди по пругата на брз воз и побара помош.
Гоца Тржан снимила маж како полека оди по пругата на брз воз низ прозорецот на една зграда и побарала доколку некој го препознае, да дојде по него.

„Ако некој го препознае, ве молам помогнете му, дојдете да го земете, тргнете го настрана или објаснете му дека ова не треба да се прави и дека е многу опасно. Ви благодарам“, напиша Гоца во описот на видеото.

Додека снима постар господин како оди по железничката пруга, може да се слушне како пејачката вели:

„Не знаеме дали овој човек, за жал, е дементен и не знае каде е, но оди по пругата каде што поминува брзиот воз. Далеку е… Ако некој го препознае, ве молиме дојдете да го земете.“

foto:printscreen/instagram

To top