Родителите се пример и водечка фигура по која се градат и обликуваат децата, а кога и гените ќе си го направат своето, тогаш неминовно е од наследниците да се очекува во некои карактерни особини и таленти да повлечат на мама и тато, баба или дедо…
А кога доволно ќе потпораснат тоа да го препознаеме и истото ќе го покжат дека присвоиле како крвно наследство, е тогаш убавото на душа е неописливо.
Токму таква убавина и гордост за да полета си дочека пејачката Тамара Тодевска од својата ќерка Хана која по стапките на мама, дедо, баба и тета, тргна во музичките води. Овој пат Хана се покажа и како инструменталист на свој настап од јавен час по клавир.
„Љубовта моја денес има јавен час по клавир. Свири и една своја композиција. Само напред Ханчи моја. Ти си мојата гордост“, напиша мама Тамара.
Хана уште од многу мала ужива да биде залепена до мама на сцена, се покажа и дека сака пее, па беше „Битбокс кралица“ на „Златно славејче“, а танцуваше хип-хоп и во спотот на мама за „Торнадо“.
-Животот е еден. Уживајте и радувајте се на секој момент поминат со овие мали супер херои, кои за кратко ќе ни задаваат поголеми, но слатки (се надевам) маки, напиша Тамара во една прилика, а како што тргнало убавото и гордоста здравје Боже ќе се редат…
фото:Instagram printscreen /tamaratodevska