Радио Милева мамина гордост

Голем ден – нејзиниот роденден: Ќерката на Накова израсна во вистинска мала убавица (фото)

Голем ден – нејзиниот роденден: Ќерката на Накова израсна во вистинска мала убавица (фото)

Роденден, посебен ден кога сите се чувствуваме специјално, секогаш во зависност од годините, искуствата, а особено најеуфорично го дочекуваат и чекаат дечињата.

Овој специјален ден – роденден го славеше наследничката на гевгелискиот модел и инфлуенсерка Александра Накова, малата Леа која наполни 9 години.

После авантурата во Дубаи, мама мораше да се врати дома бидејќи требаше да го организира роденденот на својата принцеза.

Накова несебично редовно го полни Инстаграм профилот со заеднички моменти со Леа, особено кога сака и чувствува потреба да се пофали со нејзините спртски успеси во трчање, гимнастика, танц.

Долгокосата и долгонога наследничка израсна во копија на мајка, а генетиката си го направила своето.

Мама и Леа си се редовна друшка една на друга и уживаат заедно во секој поминат миг, а веруваме дека роденденот беше особено емотивен за мајката гледајќи го своето чедо кое стигна до моментот да го купат роденденскиот балон со бројот 9.

Среќен роденден убавице!

фото:Instagram printscreen/ naleksandraofficial

To top