Сопругата на Канје Вест, моделот Бјанка Ценсори, излезе во јавност облечена во проѕирен комбинезон без да носи долна облека, пренесува Мирор.
Bianca Censori sports head-to-toe fishnets for dinner with Kanye West and friends https://t.co/7hQtFZGb90 pic.twitter.com/4Uoi4FVCvn
— Page Six (@PageSix) August 2, 2024
Неодамна менаџерот на Канје Вест, Џон Монополи Џонсон го прослави својот роденден во италијанскиот ресторан Џорџо Балди во Лос Анџелес. Бјанка Ценсори за својот изглед избра „гол“ комбинезон без долна облека. Изгледот беше комплетиран со црни шпицести чевли со високи потпетици.
Неодамна Дејли мејл објави дека Бјанка Цензори била во центарот на скандал поради провокативната облека. Според Кривичниот законик на Калифорнија, сопругата на Канје Вест може да се соочи со казна затвор до една година, парична казна од 1.000 долари и вклучување во регистарот на криминалци. Причината беше неодамнешното појавување на манекенка во проѕирен топ и боксерки без долна облека. Изгледот беше комплетиран со зелена капа и балетанки.
Новата сопруга на Канје Вест редовно го прекршува правилото на Ким Кардашијан, според кое ѝ е забрането да носи разголена облека пред нејзините деца.
фото: printskrin/TikTok/Instagram