Радио Милева тешка инфекција

„Го изгубив видот, четири месеци е така“: Елтон Џон ги изненади обожавателите со веста за неговата здравствена состојба

„Го изгубив видот, четири месеци е така“: Елтон Џон ги изненади обожавателите со веста за неговата здравствена состојба

Легендарниот музичар Елтон Џон (77) ја изненади публиката во неделата вечерта кога за време на говорот пред гостите во „Доминион театарот“ во лондонскиот Вест Енд, по добротворната изведба на мјузиклот „Ѓаволот носи Прада“, откри дека го изгубил видот. .

„Како што некои од вас можеби знаат, имав проблеми и сега го изгубив видот. Не можев да го гледам шоуто, но уживав да го слушам“, им рекол Елтон Џон на насобраните, пренесува Би-би-си.

Џон претходно зборуваше за неговите проблеми со видот, откривајќи дека останал со „ограничен вид на едното око“ откако претрпел „тешка инфекција на очите“ за време на летот. „Лекувањето е во тек, но тоа е исклучително бавен процес и ќе биде потребно време пред да се врати видот на заболеното око“, напиша тогаш музичарот во изјавата.

Тој дополнително ја објасни својата состојба во интервју со Робин Робертс на „Добро утро Америка“ минатата недела.

„За жал, во јули го изгубив видот на десното око, бидејќи добив инфекција на југот на Франција, и веќе четири месеци не гледам ништо. Моето лево око исто така не е во најдобра состојба, па има надеж и охрабрување дека ќе биде подобро, но засега, за жал, сум во мирување“, рече тој.

Добитникот на Греми  се заблагодари и на својот сопруг Дејвид Фурниш за големата поддршка во овој тежок период.

„Морам да се заблагодарам на мојот сопруг, кој ми беше поддршка, бидејќи не можев да дојдам на многу проби. И, морам да кажам, звучеше одлично вечерва! Во ред! Ви благодариме што дојдовте“, рече тој.

foto: printscreen/instgaram

To top