Никола Роквиќ пред 25 дена пеш тргна кон Грција, а целта му е да им помогне на оние на кои помошта им е најпотребна.
Роквиќ вчера ги известил сите дека парите се собрани, но решил да го продолжи патувањето со цел да собере пари за детскиот онколошки оддел во Ниш.
Пејачот сега објави на својот Инстаграм и на своите следбеници им раскажа непријатна ситуација која му се случила.
– Мир на сите! Вчерашниот ден започна многу радосно, енергично со многу движечка енергија поради постигнатата прва цел, но како што се случува кога се случуваат големи работи, понекогаш радоста не поминува без искушенија! Некаде на половина пат среде пустош, никаде немаше никој со километри, наидов на глутница кучиња скитници… На овој пат секојдневно среќавам кучиња, навикнат сум на некое лаење поради мојот ранец и стапчиња, но повеќето ме следат пријателски со километри… Вчера беше поинаку… Веќе на самиот старт видов дека не се пријателски расположени – започна Роквиќ и продолжи:
View this post on Instagram
„Една женка ги покажа забите откако поминав покрај неа и почна да ме напаѓа… Другите кучиња тргнаа по неа… Се обидов да се одбранам со стаповите, но тие не се откажаа… Во еден момент помислив, ќе скокнам врз нив и ќе тргнам во контранапад, со силно дерење и ржење на нив, мислејќи дека ќе ги уплашам… Во тој момент буквално почнува борбата за живот… Нивниот гнев стануваше се поголем и поголем… – изјави Роквиќ. , и додаде:
– Ме напаѓаа од сите страни, за среќа не ми беа зад грб, па некако успеав да ги сопрам со стапови… 6,7 од нив продолжија да трчаат кон мене, ги гризеа стаповите и не се откажуваа… Женката беше најагресивна, со искривени заби, многу страшна ситуација…
– Нападот траеше неколку минути, пробав се и ништо не вредеше… Реков готово, ќе ме изедат… Во еден момент не знам од каде ми дојде, со мил глас им реков МИР, МИР, добро е, се е во ред, доста е… Смирено и понизно направив движење со телото како да ќе се наведнам и да замолам за МИР! Во секунда сите кучиња ги наведнаа главите и ушите истовремено и нападот престана… Многу страшна ситуација, фала Богу помина како што помина!! Нова научена лекција!! На гнев никогаш не се оди со гнев… Само МИР! Од тој момент ми одекнува главата… Мир на сите… И на Твојот дух…наведнете ги своите глави на Господа… Слава и фала на Бога – заклучи Роквиќ.
фото: printskrin/instgaram/nikolarokvic