Промотер

„Глас” старите добри времиња на незаборавни рок дружења ги опејаа во – „Ружни, врати се“

„Глас”  старите добри времиња на незаборавни рок дружења ги опејаа во – „Ружни, врати се“

После подолго време старите рокери имаат нешто ново. Бранко Шпољариќ – Паљач (од Чоканче) и Ѓокица Зафировски – Ѓоле (од Suns) повторно работат, но не со „Чоканче“ или Suns, туку со „Глас” на кои ова им е четврта песна.
Темата носи наслов „Ружни, врати се“ и си има приказна која е посветена на сите нас кои се запознавме, дружевме, свиревме и се’ уште секогаш кога можеме се дружиме до ден денес.


„Ружни е воедно и метафора за тоа време (средината на осумдесетите и почетокот на деведесетите) кога свиревме и се дружевме секаде низ Македонија,  а најмасовно во „Дом на млади 25 -ти Мај“ во Скопје (денешен МКЦ)“ –  вели Паљач и додава:

„И не само меѓу себе групите, туку и со луѓето од Екран, Вечер, Млад Борец, Нова Македонија , Македонска Радио Телевизија, со Радица, Антонио, Мишко, Љупчо, Грета, Тошо, Панде, Дани… Благодарение на тие рок настани се дружевме, а еве и после 40 години се’ уште свириме, создаваме, се дружиме и контактираме меѓусебно од сите континенти. Денес многу нешта се различни… Сето тоа е и опишано во песната“ – вели Паљач, а истата можете да ја проследите во продолжение.

To top