Радио Милева во болка

Ѓани доживеал несреќа во Италија, а ситуацијата не е нималку наивна: „Се искршив, ме чека операција“ (фото)

Ѓани доживеал несреќа во Италија, а ситуацијата не е нималку наивна: „Се искршив, ме чека операција“ (фото)

Српскиот фолк пејач Радиш Трајковиќ Ѓани се повредил на скијање во Италија, а сега се огласи неговата сопруга Слаѓана Трајковиќ која откри колку е сериозна ситуацијата.

Слаѓа откри дека Ѓани, кој синоќа тргнал за Белград, има оток, како и дека ќе мора да се оперира откако ќе спласне отокот, пренесува српски Блиц.рс

„Тоа што го слушнавте е вистина. Ја повреди раката, ситуацијата не е наивна, мислам, сериозна повреда е. Ќе мора да се оперира, но само откако ќе се намали отокот. Сега е на пат накај дома и ќе видиме што ќе се случува понатаму“, изјавила таа за „Блиц“.

По Слаѓа, се огласи и Ѓани.

„Полека се враќам дома, паднав, се искршив. Раката ми е скршена на пет места. Кога отокот ќе се намали, одам на операција“, изјавил тој за „Блиц“.

Сепак, поради тешката повреда и опоравувањето кое секако ќе биде долго, Ѓани ќе мора да ги откаже сите настапи кои се закажани во наредниот период.

фото:Instagram printscreen/ djanimusic

To top