На нешто повеќе од еден месец пред Нова Година, вообичаено телевизиите и продукциите ширум Македонија ги подготвуваат и снимаат новогодишните емисии и програми што ќе ги емитуваат за највеселата и најлуда ноќ!
Сеедно дали се снима во некое ТВ судио или меана, најважно е атмосферата да биде на ниво, а пејачката екипа добро расположена. Токму на едно такво ланско снимање на истиот датум се потсетија двете мошне популарни македонски фолкерки, Сузана Гавазова и Адријана Ацевска попозната како Адријана Кеш!
Во паузата од снимањето помеѓу две музички сесии, додека екипата се подготвувала за наредното парче, македонските фолкерки решиле да си направат по едно селфи, колку за спомен.
Двете секси убавици, облечени во црни комплети, со заводлив поглед образ до образ, покрај селфито и практично покажаа дека не е се’ во гласот. Добро има многу тоа и во имиџот, изгледот и стасот, ама овој пат Сузана Гавазова и Адријана Кеш покажаа и нешто трето. Дека покрај пеењето, подеднакво добро го владеат и јазикот, ако не и подобро, само прашањето е која најдобро?
Ако се суди според виденото од приложеното, г-ца Кеш тоа го прави посуптилно и понежно, додека г-ѓа Гавазова како поискусна, многу повпечатливо, попровокативно и повозбудливо!
Конечно, зависи кој како ја доживува намерата за ваков „сочен флерт“ со камерата на македонските фолкерки. За едни провокација, за други инспирација, а за нив двете… Веројатно само добра забава меѓу две тури снимања!
Фото и видео: Инстаграм/adrijana_acevska/suzanagavazova