Мегафон фестивали

Фолк фест „Валандово 2024“ ќе се одржи на 26-ти мај

Фолк фест „Валандово 2024“ ќе се одржи на 26-ти мај

Триесет и седмото издание на „Фолк Фест Валандово” ќе се одржи на 26-ти овој месец во Фестивалската сала „Јанко Узунов“, а ќе бидат исполнети 20 новосоздадени македонски песни. Ова беше соопштено на  прес-конференцијата што се одржа во Валандово, на која беа споделени информациите за фестивалот и до каде се подготовките за ова издание.

Пред главната фестивалска вечер е планирано да се одржат две предфестивалски вечери на Градскиот плоштад на 24 и 25 мај.

-На овие вечери ќе настапат Драган Мијалковски, Перо Христов, Влатко Лозановски, Кирил Џајковски, Игор Џамбазов и „Ареа“ и имаме програма за сите вкусови, рече градоначалникот Перо  Костадинов.

Уметничкиот директор на Фестивалот, Живоин Глишиќ, информираше дека на Јавниот конкурс пристигнале повеќе нови песни, а жирито одбрало 20.

-Сметам дека тоа што го направивме и од тоа што го нудиме е само продолжување на сето што го направивме досега на Фестивалот, односно ова е петта година како овој уметнички и директорски состав го правиме Фестивалот и сметаме дека направивме едно големо искачување на одредено ниво на Фестивалот, рече Глишиќ.

На денешната прес-конференција со жрепка беше одреден редоследот на настапите на исполнителите, а наградите се доделуваат со гласање на публиката во салата и стручното жири.

И годинава водители на Фолк фест „Валандово“ се Ирена Спировска и Ѓорги Калајџиев, со директен пренос на главната фестивалска вечер на МРТВ.

To top