Познатата песна „Све по старом“ која ја отпеа Александра Пријовиќ првично беше напишана за бендот Лексингтон, а музиката и текстот ги напиша сопругот на пејачката, Филип Живојиновиќ.
Имено, Филип сакал Бојан Васковиќ да ја отпее песната, но тоа на крајот не се случило. Оваа тајна Александра Пријовиќ ја откри на еден од нејзините концерти.
– Мојот пријател Боки Лексингтон е тука вечерва и морам да ти кажам една тајна. За него е напишана мојата песна „Све по старом“ – рече тогаш Александра, па додаде:
– Па Боки, какви песни имаш, веројатно и јас заслужувам една.
Инаку, Александра Пријовиќ, популарна српска пејачка, постигна значаен успех со својата турнеја „Од исток до запад“, која лани во септември ја започна во Белград.
Оваа турнеја претставуваше можност за публиката од целиот регион да го слушне нејзиниот музички опус во живо, но и да гја запознае нејзиниот енергија.
фото: printskrin/instagram/lexington_official/aleksandraprijovic