За ТВ водителката Сања Савеска би рекле дека според работата што ја има, камерите ги доживува како воопшто и да не постојат кога почнува да се снима.
Сања секојдневно им се обраќа на гледачите на кулинарското шоу „Брза кујна“, а исто толку активна е и како инфлуенсерка преку својот Инстаграм профил каде редовно има нови ангажмани за реклама на разни видови производи.

Оттука, разбирливо би требало да биде дека снимнањето за Сања е веќе комфор зона од добро утро, до добра вечер, арно ама реалноста е нешто поинаква.

Токму на една од нејзините последни објави каде пријателка ја снима за еден ваков маркетиншки проект за чија локација го избраа Градски парк, Сања изненади со коментарот во опис дека полесно може да позира ако никој не ја гледа.
Чист парадокс како исклучок од редовната пракса.

Ама што е тука е, Сања функционира одлично вака или онака, камерата ја сака, дали некој непосредно ја гледал или не, а работата секогаш е завршена.
фото:Instagram printscreen/sanja_saveska







