Вереникот на пејачката Мина Костиќ, Мане Ќурувија Каспер, откри дека не е многу ориентиран кон училиште и образование, и дека работел во фабриката на својот чичко на 18-годишна возраст. Мина Костиќ и нејзиниот вереник, Мане Ќурувија Каспер, веќе долго време го привлекуваат вниманието на јавноста.

За време на разговорот во поткастот на Боки 13, водителот го праша Каспер какво е неговото образование, на што тој одговори, а со тоа многумина ги остави без зборови.
– По образование? Се обидувам да бидам човек- рече Каспер, по што во студиото завладеа тишина.
Водителот потоа изјави дека ова не може да се смета за образование, додека свршеникот на Мина продолжи со ист тон.
– Дали дипломата е важна? Образованието, а… – рече тој.

Во тој момент, Мина Костиќ се вклучи во разговорот, обидувајќи се да ја разјасни ситуацијата.
– Дипломирал економија, економист е – рече пејачката.
Сепак, Каспер потоа објасни дека не го завршил формалното образование до крај.

– Нестигнав да завршам никакви големи училишта, бидејќи одев на работа кај мојот чичко во фабрика кога бев многу мал. Замислете, имате 18 години, станувате во четири часот наутро… – почна тој, но водителот го прекина читајќи коментари од мрежите:
– Дозволете ми да прочитам еден коментар: „По образование – филозоф“ – рече Боки 13.
Тој даде краток одговор на тоа.
– Па, добро… – заклучи кратко и помирливо Каспер.
Foto: print screen/Instagram/youtube






