Живот и стил

Еве ја препорачаната количина слатки дневно

Еве ја препорачаната количина слатки дневно

Многумина од нас јадат многу, многу повеќе шеќер отколку што препорачуваат лекарите.

Идеалната доза е само 25 грама (5 лажички) за жени и 35 грама (7 лажички) за мажи, а барем еден од следните симптоми може да биде знак дека претерувате со слатките.

Драматичните промени во расположението можат да бидат предизвикани од големите варијации на гликозата во крвта – запомнете колку можете да бидете лути кога сте гладни! Високото ниво на шеќер го нарушува и балансот на хормоните, па може да добиете акни исто како што сте во пубертет.

Зголемувањето и падот на шеќерот во крвта доведува и до мигрена, а доколку шеќерот постојано влегува во телото во зголемени количини, сигурно ќе се здебелите дури и ако редовно вежбате.

Ако страдате од некој од горенаведените проблеми, обидете се да го намалите дневниот внес на шеќер и да следите како се подобрува вашето здравје.

Така ќе се ослободите и од вишокот килограми, бидејќи кога нема брза „шеќерна“ енергија, телото ќе посегне по тоа во масните наслаги.

фото: Freepik

To top