Радио Милева дома со мама

Еве ја куќата на Теа Таировиќ во Нови Сад каде живее со мајка си (фото)

Еве ја куќата на Теа Таировиќ во Нови Сад каде живее со мајка си (фото)

Домот на Тea Таировиќ е во Нови Сад, во населба во која сите куќи се идентични. Теа Таировиќ ја нарекуваат кралица на бакшишот уште од времето кога во јавноста се појави видео на кое таа добива бакшиш од 5.000 евра на свадба, а тоа само за еден рефрен што таа го испеа.

Нејзините татко и мајка се громна поддршка во текот на нејзината кариера.

Татко Зоран Таировиќ е академски сликар. Се занимавал и со компонирање и режија, а има и докторат на науки.

Од друга страна, Теа не крие колку е врзана за нејзината мајка Божица Малевиќ, која со години се занимавала како водителка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

-Верувале или не, отсекогаш знаев дека таа ќе се вклучи во јавната сцена. Теа е дете кое прво заигра, па одеше.

Знаев дека ќе биде во некои уметнички води, имаше од кого да наследи. Нејзиниот татко е уметник, таа можеби од мене зеде склоност кон медиумите. Навистина не мислев дека ќе биде пејачка, можеби повеќе би сакала да биде актерка – открила во една прилика мајката на Теа.

Теа живее со мама Божица во новосадска населба, изолирана од центарот на градот, каде што сите куќи се идентични. Иако заработува илјадници евра неделно, пејачката не живее екстравагантно, како што забележуваат од тимот на „Папарацо лов“.

фото:Instagram printscreen/ tea_tairovic/ You Tube/ Paparaco Lov

To top