По трагичната смрт на Душко Чифлиганец во несреќата на мото трките во Брно, многумина негови пријатели, другари, соработници меѓу кои и мноштво познати лица се простуваат од него преку социјалните мрежи.
Она што предизвика најмногу внимание ден подоцна, откако кобната вест одекна во јавноста, беше фотографијата, музичката подлога и само еден испишан збор на Ева Заева, ќерката на Вице Заев, братот на екс лидерот на СДСМ и пемиер Зоран Заев.

Таа јавно се прости од Душко Чифлиганец кој беше нејзин поранешниот љубовен партнер.

На нејзините Инстаграм приказни (Instagram Story), младата струмичанка објави црно-бела фотографија на која со Душко се со високо кренати раце, со испреплетени прсти од нејзината во неговата рака, додека се возат во кабриолет.

На стори фотографијата во позадина тече песната „Always“ од Џон Бон Џови во која се пее: „And I’ll love you, always…“ (И ќе те сакам засекогаш), а преку неа Ева споделила и емотикон со скршено срце.
Иако не го имаат јавно потврдено датумот кога официјално станале љубовен пар, објавените фотографии и видеа на Инстаграм укажуваат дека тие биле во врска некаде од крајот на 2017 година, кога двојката беше фотографирана за време на новогодишните празници во декември таа година.

Раните јавно споделени фотографии, особено летото 2018 и зимата 2018/2019, покажуваат дека оттогаш тие редовно споделуваат заеднички моменти.

Најчесто од нивните патувања на егзотични дестинации како Дуба или Бали, што е јасен знак дека врската била активна и постојана.

Потоа објавите од нивните заеднички моменти исчезнуваат, а од средината на 2020 не се забележува нивна заедничка присутност на социјалните мрежи.

Тоа укажува на тоа дека врската траела најмалку од декември 2017 до барем почетокот на 2019 — период од околу 1 до 2 години, со јасно присуство во 2018.

Фото: Вистина – архива/Инстаграм/evazaeva







