Ера Ојданиќ запеа на роденденската прослава на Горан Кариќ во необично издание и направи шоу.
Бизнисменот Горан Кариќ организираше забава по повод неговиот 50-ти роденден на кој собра голем број познати личности.
Забавата беше тематска, инспирирана од деведесеттите и хитовите од тој период.
Гостите беа облечени во согласност со темата, па повеќето од нив носеа златни ланчиња околу вратот, што стана симбол на овој бурен период.
Гостите ги забавуваа изведувачи чии хитови ја одбележаа оваа деценија: Групата Ѓогани, Жељко Шашиќ, но и групата Твинс и Ера Ојданиќ чија песна „ Плави слон“ беше голем хит во тоа време.
Фолкерот се појави облечен како џинот од волшебната ламба, со женска перика на главата.
Со својот стајлинг кој наликува на оној од видеото, тој ја воодушеви и насмеа публиката, а кога го зеде микрофонот и се качи на столчето, направи вистински хаос.
фото: printscreen/instgaram