Радио Милева „Три години бегав од него“

Емра Куртишова за урнебесното запросување: „Тоа беше глума, не знам како да ти објаснам“

Емра Куртишова за урнебесното запросување: „Тоа беше глума, не знам како да ти објаснам“

Во еден од поновите подкасти на „Без рачна“, гостинка на совозачко седиште до водителката Ангела беше актерката Емра Куртишова која имаше доста тоа да раскаже.

Таа сподели моменти од запознавањето на сопругот и колега Петар Стојанов, па се до моментот на запросување кој се случил недолго откако почнале да живеат заедно.

За запросување кое е доволно специфично или можеби ултра интересно, таа сподели дека почнало сосема обично токму на нејзиниот роденден кога тргнале да слават предновогодишна забава со колегите.

Тогаш Петар со своја режија, толку добро одглумил што таа апсолутно наседнала на неговото барање дека мора да се вратат дома за тој да се излесни бидејќи го боли стомакот.

Па така, кога решила да се вратат и да му го реализира барањето, видела што се случува и дека тој клечи со прстенот во рака, па наместо „да“, му кажала:

„Па тебе не ти се какало!“, за миг подоцна да раче потврдно „абе да!“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by sozenaBEZRACNA (@bezracna_cast)

За потсетување, актерската двојка Емра Кутришова Стојанова и Петар Стојанов веќе се две години во брак, а плод на нивната љубов е ќеркичката Лена.

Целосното изнтервју на Емра можете да го подледнете во продолжение, додека деталите за урнебесното забросување и реакцијата на татко и кога го видел прсетнот, ги имате од 28:10 мин.

фото/видео:Instagram printscreen/bezracna_cast/emra.kurtishova

To top