Радио Милева замина како херој

Емотивна разделба на македонскиот репрезентативец со досегашниот клуб: Миовски од навивачите на Абердин се прости со солзи во очите (ВИДЕО)

Емотивна разделба на македонскиот репрезентативец со досегашниот клуб: Миовски од навивачите на Абердин се прости со солзи во очите (ВИДЕО)

Македонскиот центарфор кој стана миленик на навивачите на Абердин ја напушта Шкотска после феноменалните партии во кои експресно брзо покажа од каков ков е.

Миовски не беше дел од тимот на Абердин против Сент Мирен, но по завршувањето на мечот отиде да се збогува со навивачите.

Замина со солзи во очите, после двегодишен стаж со почит, со вкупно 44 гола, 18 во првата и 26 во втората, во која го сместија во тимот на сезоната и го прогласија за играч број 1 на Абердин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aberdeen Football Club (@aberdeenfc)

Тој практично доби две награди за најдобар играч на сезоната. Првата по пат на гласање од страна на соиграчите, а за втората го изгласаа навивачите, па од Абердин Миовски замина како херој.

Следниот предизвик за 25 годишниот македонски репрезентативец е многу посериозен и се вика Ла Лига. Ќе потпише за тимот на Жирона, една од најголеми сензации во Европа минатата сезона, која заврши трета пред еден Атлетико Мадрид.

Тоа значи дека од септември ќе игра и во Лига на шампиони, што е ретка привилегија за македонски фудбалер.

Фото и видео: Инстаграм/miovskibojan

To top