Радио Милева во три верзии од себе

Елеонора Кочовска е секси до коска во три различни изданија: На пеколно сончевиот ден крај домашниот базен, под тушот со извајано голо тело, ама и како вешта трактористка на село (ВИДЕО)

Елеонора Кочовска е секси до коска во три различни изданија: На пеколно сончевиот ден крај домашниот базен, под тушот со извајано голо тело, ама и како вешта трактористка на село (ВИДЕО)

Бившата македонска ријалити учесничка Елеонора екс -Миљковиќ откако се омажи и стана кочовска, се помалку ја има во јавниот живот. Всушност, не дека не е активна на Инстаграм, каде оваа социјална мрежа е главното место за нејзините рекламно – инфлуенсерски сеанси ги претвори во главна професија.

Сега рекламирањето на разни брендови, воглавно козметичко – текстилни е добра причина расната скопска убавица да ја видиме во подразголени изданија. Телесниот раскош на Елеонора никогаш не и недостасувал, а својата дарба од Бога и вештата надградба од естетските хирурзи и ова лето не изостана да ги покаже.

До душа,   „влажните машки погледи“  само навидум се гратис, зашто „плакнењето очи“ некој друг го плаќа за она што нора најдобро умее да го рекламира.

Новата летна колекција на бикини е тука, а домашниот базен во дворот е најдобрата прилика да се отслика како костимот за капење на раскошната Нора и прилега!

И тоа не еден, туку неколку различни модели, во кои скопската убавица од згодно позгодно и посекси изгледа!

Но, ова лето како и секое следно се чини е се’ пожешко, па сонцето е немилосрдно и колку и да се разладувате, тешко можете да се оладите. Барем не на подлго време. Затоа Елеонора сфати дека е време да побара некоја попријатна средина, со малку поблага клима, а има ли нешто поубаво и повесело отколку да заминете некаде на село. Особено ако е некаде во близина на планина, каде има поголема ладовина, а патем селската идила Елеонора ја потсети на деновите кога била мала.

Селото си има свои убавини, ама си носси и свои предизвици, па колку и да е жештина работата на лето не запира, за потоа да може мирно да се презими и следната зима! Затоа кога веќе е на село, скопската убавица реши онака смело да му се качи… Ако не на коњот, тогаш на тракторот! Најпрвин полека срамежливо, за да проба и да се увери дека може и со него да се справи, а потоа… Вози Норче сино тракторче! Дали навистина им се најде на домаќините или убавицата блефира  само колку да испозира на тракторот во дворот…Тешко дека ќе го дознаете одговорот!?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eleonora Kochovska (@__elle.m__)

Како и да е после обилно исполнетиот селски ден и возачкото искуство на трактор, доаѓа време и за одмор! Не дека не сме ја виделе и досега пиштол гола, како моментите во бањата додека беше во реалното шоу „Задруга“, но овој пат скопската убавица одново ни приреди завидна возбуда.

Како и не би кога нејзиното извајано голо тело ќе осамне под топлите млазеви на тушот, па секоја капка која лизга по мазната кожа ви го фокусира погледот таму каде што завршува кадарот – во долната половина на бујната позадина на расната Елеонора.

Она што не се гледа до крај  е оставено на туѓите мечти и нечија бујна фантазија…

Она што и тоа како е со голо око видливо е тоа дека Елеонора Кочовска е секси до коска во сите три различни изданија: На пеколно сончевиот ден крај домашниот базен, под тушот со извајано голо тело, ама и како вешта трактористка на село!

Фото: Инстаграм/luxe___line/__elle.m__

 

 

To top