Во последното издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ на јавен муабет кај Антонио Димитриевски како поткаст гостинка беше дојдена македонската фолк ѕвезда Елена Велевска.

За генот за пеење, почетоците, развојот на кариерата, пријатните и непријатните случки, песните, фотосесиите и спотовите, настапите, фестивалите и турнеите, за сорботниците, пријателите и естрадните душмани, за еротиката во имиџот и видеоспотовите, за естетските зафати, ботоксот и силиконите, за дилемите и уцените, гордоста и достоинството, дали да се прави кариера на туѓ јазик во Бугарија или да се остане горда Македонка по цена на славата на поголем пазар…

За љубовта и љубомората, победите и поразите, за емотивниот лом и повторното издигнување од пепелта на разводот, за децата и нивниот талент за музика, за автобиографијата во стиховите на своите песни, особено оваа последната, за разликата од онаа до оваа Елена…

И за уште стотина други помалку или повеќе познати или сосема непознати нешта за неа, во ова издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ на јавен муабет кај Антонио Димитриевски како поткаст гостинка беше македонската фолк ѕвезда Елена Велевска.

Во еден момент на прашањетоо на домаќинот: „Зошто и пропаднаа обидите да стане регионално позната естрадна ѕвезда, откако имаше понуди од најпознатата продуцентска куќа Паинер во Бугарија и нивната Планет ТВ?“, Елена Велевска ја раскажа приказната за „непристојниот предлог“ кој го добила. Можела да снима и настапува во Бугарија, да биде нивен ексклузивец, но само под еден услов: „Да пее исклучиво на бугарски јазик“! Нашата пејачка таквата понуда ја одбила, а со тоа и пропаднала и можноста за кариера во Бугарија. Елена Велевска сепак избрала да биде горда Македонка, наместо „благонадежна Б’лгарка“.

Премиерата на интер ток шоуто оди секоја среда навечер, со почеток во 20.00 часот, ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (каде 24/7 и тоа 365 дена во годината можете да го погледнете како најновото неделно издание, така и сите претходни досега емитувани епизоди на „Ништо лично“.

Во продолжение погледнете ја целата епизода во траење од 70:00 минути со македонската фолк ѕвезда Елена Велевска, во која за споменатата случка таа зборува на 17:00 минута…






