Мегафон поткаст гостин

Елена Јовческа во „Ништо лично“

Елена Јовческа во „Ништо лично“

Таа е, како што самата пее во една од своите песни, горда Македонка, а уште погорда прилепчанка со скопска адреса на живеење. Една од ретките фолк пејачки кај нас со академска диплома, а таа да не е од Музичката академија, туку  е диплома од Економскиот факултат во Прилеп.

Вистина.мк

Покрај тоа што има златно грло, таа свири и на четири музички инструменти, од кои два дувачки, но едниот ќе ја направи препознатлива, надалеку позната, единствена по она што го прави – да пее и да свири гајда!

Покрај пеењето или поточно дел од заработката од пеењето ќе го вложи и во свое „дуќанче“. Во сопствен бизнис огледан во салон за убавина во кој со својата деловна партнерка успешно ќе го води последниве години.

Покрај гласот и гајдата, стасот е нејзин адут за успех на естрадата, зашто на згодна и атрактивна русокоса, со сини очи и телесен раскош огледан во природно бујната предница од која се кочи вилица, ретко кој би останал рамнодушен да остави бакшиш.

Сепак, неа изворниот фолклор и е мошне близок, па неретко во духот на македонската изворна традиција  се и нејзините песни. Заради еден свој настап со македонско знаме токму за нашинците во Егејскиот дел на Македонија, ќе добие забрана од грчката држава за влез во Република Грција и тоа за една цела деценија.

Изко убава, згодна, атрактивна, привлечна… телесниот изглед отсекогаш не и бил ваков каков што и е денес, но таа очигледно со килограмите умее „лесно да си поигра“, па за час да стопи дваесетина, како што тоа го направи, но и успеа да ја задржи новата тежина.

Истата речиси и да не ја промени и додека беше во блажена состојба, а по она малку вишок за час се врати на свое, откако ја изненади јавноста и се оствари како мајка на една прекрасна мала убавица, која го доби необичното име – Талија.

За талентот и почетоците, за естрадат и муабетите на истата, за колешките и колегите, за гајдата, зурлата и останатите инструменти, за економијата и ПВЦ столаријата, за грчката забрана за влез во соседната јужна држава, за нашата немоќ да излеземе надвор од границите со домашната естрада  додека онаа од сите соседства со леснотија ја крстари и настапува низ цела Македонија, за килограмите, диетата, режимот на исхрана, за салонот за убавина, за приватноста и бременоста кои како „змија нозете“ ги крие, за малчеката наследничка која  доби име од грчката митологија, за традицијата и современиот израз во новите песни, за настапите…

За сето она што за неа сте го наслушнале, го знаете или воопшто не го знаете, во ова издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ на гости кај вашиот домаќин Антонио Димитриевски доаѓа македонската фолк пејачка и гајдаџика, Елена Јовческа. 

Премиерата оди вечерва, среда,  8-ми април со почеток во 20.00 часот,  ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (

To top