Радио Милева кој за што се фати...?

Елена Јовческа доби нов џип, ама муабетот повеќе и оди во Југо: Јутјуберот Мими Марковски и ја дуваше, а фолкерката му покажа зошто свири на „машка гајда“ (ВИДЕО)

Елена Јовческа доби нов џип, ама муабетот повеќе и оди во Југо: Јутјуберот Мими Марковски и ја дуваше, а фолкерката му покажа зошто свири на „машка гајда“ (ВИДЕО)

Прилепската фолкерка Елена Јовческа покрај пеењето стана и надалеку прочуена и по владеењето на гајдата, како единствена пејачка, аможеби жена воопшто, која  овој музички инструмент го владе така добро, што по него сите ја препознаваат!

Се разбира, пеењето е во прв план, ама свиречката вештина на чешитата прилепчанка му доаѓа нешто како зачин, како јаготка на шлагот. Се повеќе препознаена и надвор од Македонија, некогаш рускосата буцка сега преобразена во атрактивна секси убавица ја препознаа и спонзорите, па така однеодамна Елена Јовческа ја започна својата соработка со еден дистибутер на возила во Македонија, од кој доби да вози црвен џип од позната марка „Ем-Џи“ (MG).

Во црвени тренерки качена на високи потпетици, Елена го претстави својот убавец на четири тркала брендиран со нејзиното име и презиме, односно нејзиниот потпис.

Иако џипот и тоа како добро и лежи и прилега на русокосата фолкерка, па затоа и многумина однапред го благословија оној што ќе седи на совозачкото седиште со Елена… А можеби понекогаш и одзади со неа.

Арно ама, иако   доби црвен џип,  фолкерката покажа дека прилепските  марифети најдобро ги раскажува во црвенот Југо на Мими Марковски. Меѓудругото јутјуберот и ја дуваше, а фолкерката му покажа зошто свири на „машка гајда“!

Имено, Елена гајдата ја понесе со себе и на муабет возењето со познатиот битолски јутјубер, во неговиот подвижен поткаст во сега веќе легендарното црвено Југо, па кога дојде време тој да посака таа да му засвири, задоволството за дување на гајдата му ја препушти нему како на голем џентлмен.

Откако му ја даде да ја лапне писката и тоа измачкана со карминот од Елена, јутјуберот мораше машки да се потруди гајдата да и ја надува… Оти се пофали дека бил многу јак… „на плуќа“! И навистина на три пати дување и успеа, и гајдата засвире… Ама она вистинското дојде потоа, дури откако Елена фати да дува во неа!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mimi Markovski (@mimi4u16)

А, дека атрактивната гајдаџика дува во „машка гајда“ и самата го увери Ју(го)тјуберот, откако му покажа каде да чепне на гајдата, за што да се фати. Отпрвин Мими помисли дека тоа е папочето на домашното животно од чија кожа е гајдата направена, арно ама…

Елена по прилепски бргу му објасни дека тоа што го чепка е… „она другото“… За кое сите првин „се фајчаа“, а се фати и Мими!  Затоа влакнестиот инструмент на Елена Јовческа многу извесно дека е „машка гајда“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mimi Markovski (@mimi4u16)

Фото и видео: Инстаграм/mimi4u16 and jovceskaelena

To top