Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж, во директен пренос на социјалните мрежи откри дека пред неколку години бил тешко повреден со нож.
Војаж на своите следбеници им рекол дека пред неколку години едвај ја избегнал смртта.
Раперот не откри многу детали што точно се случило.
– Овде имаме жив сведок за тоа, мојот прв помошник режисер, кој всушност ми го спаси животот тогаш за да не умрам. На 16-17 години ме избодеа во мочниот меур. Ќе има приказни за тоа, но тоа е моето глупаво минато на кое не сакам многу да се навраќам. Ако ве интересира, ќе направам приказна за тоа бидејќи целиот тој дел од мојот живот е комплициран и луѓето не знаат за тоа – изјави Војаж, кој за новогодишната ноќ ќе настапи на платото во Игало во Црна Гора.
@bugbusterss #foruyou #viral_video #voyage #nucci ♬ original sound – Teška Kategorija
фото: printskrin/instagram/voyage.mp3/mihajloxxve