Радио Милева ги надминаа недоразбирањата

Едита повторно е заљубена: Пејачката му се врати на поранешниот (фото)

Едита повторно е заљубена: Пејачката му се врати на поранешниот  (фото)

Според тамошните медиуми, пејачката се смирила со поранешното момче со кое беше во емотивна врска пет години.

Таа ја избриша тетоважа посветена нему, а кога тој и испрати цвеќе таа ги фрли. Сепак, изгледа сега сето тоа го „испеглаа“, па во љубовта повторно им цвета.

– Едита и тоа момче беа во врска пет години. Таа е неговата најголема љубов и тој би направил се за неа. Извесен период не беа заедно, но успешно ги надминаа тешките моменти и едно големо недоразбирање. Тој живее и води успешен бизнис во Дубаи, а таа оди кај него во зависност од тоа колку настапи и деловни обврски има. Тој е воодушевен од нејзините нови песни и ја поддржува во се. Никогаш не биле посреќни и позадоволни, а тој и е посветен максимално. Згора на тоа, можам да ви кажам дека е луд по неа и мисли дека таа е најубавата жена на естрадата – вели за Курир.рс извор близок до парот.

Да потсетиме, пејачката Едита Арадиновиќ неодамна се најде во фокусот на интересот на јавноста, бидејќи видео од еден нејзин настап стана вирално со молскавична брзина.

Имено, Едита тогаш, како што тврди, на настапот добила букет од своето поранешно момче, кој и бил врачен на паузата меѓу настапите.

–  Луѓе, еве добив цвеќе од бившиот дечко со кој бев пет години. Ако некој може да го сними, тоа би било одлично. Сакам да му посакам, да кажам дека К** ме боли и дека никогаш нема да се помирам со него! – извика Арадиновиќ, а потоа со сета сила го фрли букетот во публиката.

Публиката цело време врескаше, додека таа продолжи да пее, како ништо да не се случило.

 

фото: printskrin/instagram/TikTok

 

To top